АНЧЕЛОТИ ПРЕД ОТКАЗ? Кралскиот клуб е во сериозна криза

Според „Релево“ раководството на Реал не сака да го отпушти тренерот на средина од сезоната, но не исклучува дека Италијанецот може да ја загуби позицијата доколку резултатите на тимот не се подобрат во блиска иднина.

308

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти може да биде изложен на ризик да добие отказ, објави „Релево“.

Во 4. коло од Лигата на шампионите, Реал синоќа беше поразен од Милан (1:3) на домашен терен. Во Шпанското фудбалско првенство мадридскиот клуб е втор со 24 бода по 11 кола.






Според „Релево“ раководството на Реал не сака да го отпушти тренерот на средина од сезоната, но не исклучува дека Италијанецот може да ја загуби позицијата доколку резултатите на тимот не се подобрат во блиска иднина.

Во Реал се загрижени за ситуацијата со Џуд Белингем, кој игра на различни позиции и не е толку блескав како минатата сезона. На управата на клубот исто така не и е јасно зошто Арда Ѓулер и Ендрик добиваат минутажа.

На 9 ноември Мадрид ќе ја пречека Осасуна во 13. коло од Ла Лига.

Поврзани содржини