АНАЛИЗА: Никој со никого не би коалицирал за нова влада на Бугарија?
Како мисли Трифонов сам да добие 121 место во бугарскиот парламент со само 65 негови, кога Борисов ќе има 61 пратеник, социјалистите БСП 38, Демократска Бугарија 35 и МРФ на Турците 30 пратеника од поголемите партии, според „Галуп“? Притоа, Нинова од БСП очекува некој да ѝ се јави ако сака коалиција, МРФ поставува два услови, а ниедна од овие партии не би коалицирала со ГЕРБ на Борисов, само за тој да падне.
Шоуменот и победник на изборите во Бугарија Трифонов сакал да прави влада сам, социјалистите од БСП очекуваат некој да ги покани во коалиција, партијата на Турците ќе влезе само ако земјата исполни два демократски услови, а со Борисов никој од овие не би коалицирал, оти сите сакаат тој да падне.
Ќе има ли стабилна влада во Бугарија откако по 98 отсто од пребројаните гласови картата изгледа слична со онаа од 3 април годинава?
Како да не беше доволно што дури шест партии ќе влезат во новата широка влада на Бугарија, туку секоја од нив има свои услови и агенди. Откако шоуменот и политичар Слави Трифонов „за влакно“ му ја однесе победата на поранешниот премиер Борисов од ГЕРБ, тој објави славеничко видео во кое ги објави имињата на предложените министри. Но, Трифонов „немало да коалицира со никого, бидејќи самиот збор „коалиција“ веќе имал лоша перцепција во јавноста, а на другите било да го поддржат“, објаснува тој на ЈуТјуб.
Како мисли Трифонов сам да добие 121 место во бугарскиот парламент со само 65 негови, кога Борисов ќе има 61 пратеник, социјалистите БСП 38, Демократска Бугарија 35 и ДПС на Карадај 30 пратеника од поголемите партии, според „Галуп“?
Идниот бугарски премиер нè нарече северномакедонци
– Исто така, ќе иницираме и преку НАСА, двајца бугарски астронаути, маж и жена да заминат во вселената, а ќе земеме со нас и еден северномакедонски астронаут. Треба да престанеме да гледаме кон земјата, туку да почнеме да гледаме нагоре – заклучи Трифонов во видеото.
Погледнете го видеото кога во 21.40 Трифонов кажува „северномакедонци“.
Вака Трифонов го искористи билатералниот спор меѓу двете земји во своето промо-видео пред бугарскиот народ, откако најави изградба на градинки, болници, патишта, набавка на хеликоптери и лаптопи за секое дете. Во продолжение видете го ова видео од 2007 година кога Трифонов се исмејуваше со Македонците.
„Венецуелски“ избори за Борисов, „најфер“ за Трифонов
Прво беа „венецуелски“ избори, како што изјави Борисов во текот на гласањето, а денес, откако ГЕРБ е втора на списокот, заменик-претседателот Дончев изјави дека „обидите за мамење се секако неуспешни без оглед на напорите што се прават“.
Тука Дончев мисли на скандалот со гласачките машини и со гласовите на дијаспората во странство и на турските гласови од Истанбул. Но, по изјавите, ниту Дончев, ниту Биков не одговараа на новинарски прашања.
– Се појавува влада која нема да сноси политичка одговорност или влада како на Беров или Орешарски – се придружи на коментарот и сопартиецот Биков од ГЕРБ и додаде дека ваквите влади секогаш завршуваат со неуспех.
За Трифонов, секако, вчера во Бугарија се случило обратното:
– Денес беше добар ден за бугарската демократија, бидејќи ова беа најправедни избори досега. И не заради резултатот од „Има таков народ“, туку заради новите изборни правила, кои ги ограничија купениот глас, корпоративниот глас и манипулација со „мртвите души“ – свечено рече Трифонов.
Трифонов да ѝ се јави на Нинова, ако сака поддршка
„Прашањето за мојата оставка не е на дневен ред. Ако „Има таков народ“ сакаат поддршка, очекувам да ме поканат на разговор. Нашата поддршка нема да биде безусловна.“
Ова го изјави лидерката на БСП Корнелија Нинова на прес-конференција во седиштето на партијата, јавија од БГНЕС. БСП е трета партија по бројот на гласови.
– Тие се на работ со минимална предност на „Демократска Бугарија“. Денешните избори покажаа невиден низок одзив за прв пат од одржување на изборите во Бугарија. Немаше вистинска политичка дебата. ГЕРБ се бореше со официјалниот кабинет, „Има таков народ“ – молчеа. Можеби ова е криминален глас против сите нас. 46-от парламент започнува со многу низок легитимитет. Ова е загрижувачко – јасна беше Корнелија Нинова.
Два услови од партијата на бугарските Турци
Тешко дека може да се замисли мнозинство без партијата на бугарските Турци, ДПС. Но, нејзиниот лидер вели дека тие „нема да поддржат секого“. Првиот услов е враќање на нормалноста и демократијата во Бугарија, како замена за „лилјак-партиите“. Вториот услов е јасна програма за забрзан економски развој.
Да не заборавиме дека тука е и партијата ДБ – Демократска Бугарија, со 31 пратеник, која е малку пред МРФ на Карадај, а помали партии се „Стани! Мутри, надвор!“ со 5,06 отсто освоени гласови и коалицијата „Бугарски патриоти“ со 3,21 отсто.
За наша среќа, ултрадесничарската партија „ВМРО“ на Каракачнов очигледно нема да влезе во новата бугарска влада.