Најранливи на економската криза – вработените до 49 години. „Младинската невработеност “ се намалува, но и натаму останува најдлабока. ковид-19 кризата истисна на површина бројни проблеми и слабости на пазарот на труд. Ова се дел од наодите во анализата „Владино планирање – ефективност на владините мерки за справување со ризиците на пазарот на труд и начинот на планирање на средствата за надминувување на истите“ – изработена од Државниот завод за статистика пренесува Порталб.
Скоро 4 800 луѓе од преработувачката индустрија останеле без работа во ек на пандемијата, а веднаш зад овој сектор со новопријавени невработени е трговијата со речиси 4 500 лица. Новиот ревизорски извештај ги обелодени „црните“ бројки за состојбата на пазарот на труд во земјава во текот на пандемијата , од почетокот на март лани до крајот на август 2020. Според податоци што ги добиле ревизорите, 38% од ново-регрутираните невработени доаѓаат само од една дејност – преработувачката индустрија.
Прилив на невработени
Преработувачка индустрија 4 738
Трговија 2 427
Хотелиерство и угостителство 1 031
Административни и услужни дејности 757
Градежништво 643
Транспорт и складирање 541
Извор: ДЗР
Во останатите сектори, како образование, здравствена заштита, информации и комуникации, земјодество, стручни и научни дејности бројот на лица што ја загубиле работата е под 500. Оваа ковид- 19 криза на површина го истисна и проблемот дека најголем дел од вработените биле на определено време. Така, 5 800 луѓе работата ја изгубиле поради истек на договорот за вработување на определно време, скоро 3 000 со спогодбен престанок на работа, речиси 1 500 сами дале отказ, а скоро 1000 биле отпушени од работодавачот. Во овој кризен економски бран најмногу на удар биле луѓето со средно, ниско или без образование. Дури 55,8% од новите невработени се со средно образование, 25,2% се без образование или со ниско образование, а 19% со вишо или високо образование.
Возраст на лица кои изгубиле работа
Од 30 до 49 години 47,7%
До 29 години 23,4%
Над 50 години 20,9%
Над 60 години 8,4%
Извор: ДЗР
Дополнително – на удар најмногу биле оние најработоспособните, лицата од 30 до 49 години и оние до 29 години.
Мерките за зголемување на вработеноста преку Акцискиот план даваат резултати, но целта сѐ уште не постигната – наведуваат ревизорите кои под лупа ги ставија и ефектите од владините мерки за вработување.
„Од спроведената анализа за периодот од 2017 -2019 година утврдивме дека придонесот од имплементацијата на активните програми и мерки кои резултирале со вработувања во однос на бројот на невработени лица (активни баратели на работа) се движи од 4% до 5% на годишно ниво додека процентот на вработени во однос на вкупниот број на евидентирани невработени лица се движи од 2,2% до 2,5%“ , се наведува во извештајот.
Ревизорите го нотираат најголемиот проблем – младинската невработеност која е со најдлабока стапка.
Младинска невработеност
2017 година 39,2%
2018 година 37,0%
2019 година 30,5%
Статистиката бележи намалување на невработеноста, а удел во тоа според ревизорите, имаат активните мерки за вработување.
„И покрај преземените мерки и опаѓачкиот тренд на младинската невработеност се уште се забележува висока стапка на невработеност“ – се наведува во ревизорскиот наод.
Изминатите години беше регистриран тренд на намалување на вкупната невработеност во земјава која пред почетокот на пандемијата дојде на стапка од 17,3% во 2019 та година. Според овој параметар Македонија, освен Грција, е земја во регионот и во однос на земјите од ЕУ со највисока стапка на невработенст. Подобри од нас се Албанија со стапка на невработеност од 12,3% во 2019 година, Србија со 10, 5%, Хрватска со 6,6%, додека просечната стапка на невработеност во земјите од ЕУ изнесувала 6,7%.