ЈАНАКИЕСКИ ОДИ 3,5 ГОДИНИ ВО ЗАТВОР ЗА „ТИТАНИК“ Условни за Јанкулоска и за Протуѓер

Случајот „Титаник 1“ се однесува на кривични дела против изборите и гласањето за парламентарните избори во 2011 и локалните избори во 2013 година. „Титаник“ е првиот случај за кој отвори истрага поранешното  СЈО, уште на почетокот на 2016 година. Лани Јанкулоска, Јанакиески, Протуѓер и уште петмина обвинети ја признаа вината.

2,353

Апелациониот суд Скопје ги намали казните за дел од осудените за случајот „Титаник“.

Поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески влегува во затвор, попладнево соопшти Апелациониот суд во Скопје, откако ги разгледало жалбите на обвинетите по пресудата која ја донесе Кривичниот суд Скопје минатата година.






Јанакиески беше осуден првично на 4,5 години, а сега Апелација ја намали на 3,5 години казна затвор.

Според објавата на Апелациониот суд, останува условната казна за поранешниот шеф на кабинет на Никола Груевски, Мартин Протуѓер, а на условна казна се осудува и ексминистерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.

Случајот „Титаник 1“ се однесува на кривични дела против изборите и гласањето за парламентарните избори во 2011 и локалните избори во 2013 година. „Титаник“ е првиот случај за кој отвори истрага поранешното  СЈО, уште на почетокот на 2016 година. Лани Јанкулоска, Јанакиески, Протуѓер и уште петмина обвинети ја признаа вината.

Поврзани содржини