Јанакиески: По пет години истрага ми пуштија честитка за деветто обвинение, нема друг од 1945 наваму како мене!

Поранешниот министер Миле Јанакиески, кој денеска се соочи со уште едно обвинение - за набавката на кинеските двокатни автобуси во 2010, пак во завршните зборови во просецот за  настаните на 27 април,  рече дека тој „е единствен човек од 1945 година наваму против кого има осум кривични постапки.

1,960

 

Ниту еден од сведоците, меѓу кои премиерот Зоран Заев, поранешниот претседател Ѓорге Иванов и контроверзниот сведок на обвинителството Александар Василевски-Нинџа, не го посочија екс министерот Миле Јанакиески како организатор на протестите, кои кулминираа со упад во Собранието на 27-ми април, рече адвокатот Александар Новаковски во завршниот збор на  судски процес за оранизаторите на 27 април.






Тој потсети дека Јавното обвинителство го товари Јанакиески за учествство во изготвување на план за организизација на масата на народ со констриурани докази и наведе дека сведокот Александар Василевски Нинџа на критичниот ден од 18 до 19 часот воопшто не бил во штабот на ВМРО-ДПМНЕ за кога тврди дека ги видел обвинетите Спиро Ристовски и Миле Јанакиески, а истото било докажано и на видео презетнација.

Поранешниот министер Миле Јанакиески, кој денеска се соочи со уште едно обвинение – за набавката на кинеските двокатни автобуси во 2010, пак во завршните зборови во процесот за  настаните на 27 април,  рече дека тој „е единствен човек од 1945 година наваму против кого има осум кривични постапки“, истовремено.

– Ова е демонстрација на сила, една честитка за да ме дефокусира, зошто пет години се водеше  истрага, а токму денеска пред моите завршни зборови излезе ново обвинение – рече Јанакиески.

Јанакиески побара судот да донесе одлука базирана на докази, а не како што рече, врз основа на сведочењето на Александар Василевски Нинџа. Тој побара, во предвид да се земат и сведочењата на сегашни и поранешни државни функционери.

– Очекувам да бидам ослободен бидејќи со ниту еден доказ или сведок, обвинителството не успеа да потврди дека сум организатор на „27 април – рече во својот завршен збор Миле Јанакиески, според кој, неуспехот за докажување, обвинителството се обидело да го прикрие со менување на дејствијата кои наводно ги презел.

– Не сум јас тој што треба да седи тука пред вас, на оваа обвинителна клупа. Каков организатор сум јас на настаните од 27-ми, ако јас не сум кажал да се отворат вратите, ако јас кажувам да се оди во прес салата, и да се стои пред некого и ако Крсто Муковски оди да ги отвори вратите? Затоа фикции на Обвинитеството се дека јас сум организатор, зошто најлесно е да се каже: па кој друг ако не Миле, Миле е за се крив – рече Јанкиески пред судот во завршниот збор.

Тој се повика и на изјавата на премиерот Заев, кој пред судот рече дека не верува дека обвинетите  се организатори.

– Обвинителството прави бај-пас во погрешно време, со менувањето на обвинителниот акт пред самиот крај, бидејќи не успеа да го докаже дејството со кое првично го товари Миле Јанакиески – рече одбраната на екс министерот.

Обнителството менувало, кратело и додавало, делови во пораките со кои сакало да докаже дека Миле Јанакиески е организатор на собраниските настани, но не успеало бидејќи организација  од страна на двајцата поранешни министри сега обвинети, не постоела, вели одбраната.

 

Поврзани содржини