ЈАНАКИЕСКИ НА СУД БЕЗ ПОЛИЦИСКА ПРИДРУЖБА По 3 години поминати во притвор, Миле се појави како слободен човек
По одлуката тој да се брани од слобода, обвинителката Вилма Русковска најави дека пак ќе бара притвор, поради опасност од бегство на обвинетиот.
После цели 3 години поминати во притвор, Миле Јанакиески вчера прв пат се појави во Кривичниот суд без полициска придружба.
Тој дојде на судско рочиште за случајот „ТНТ“, во својство на обвинет.
Миле Јанакиески, поранешен министер во владата на Никола Груевски, е обвинет за повеќе кривични дела. Меѓу другите и за предметите „Титаник“, „Талир“, „Траекторија“ и „Шпански скали“.
Засега, тој е осуден во прв степен само за организација на насилствата во парламентот на 27 април 2017 година. Во контроверзната пресуда на Јанакиески му е определена затворска казна во траење од 6 години и 3 месеци.
По одлуката на Апелацискиот суд тој да се брани од слобода, обвинителката Вилма Русковска најави дека пак ќе бара притвор, поради можност за бегство на обвинетиот.