Ана Винтур не ја поднесува: Оваа модна комбинација е одраз на недостиг на имагинација и стил! ФОТО

605

На Ана Винтур ѝ се припишуваат заслугите за популаризирањето на високата мода помеѓу различни генерации на жени, а американското издание на магазинот „Вог“ своевремено го трансформирала во вистински културолошки и стилски феномен. Затоа и не е необично што нејзиното мислење, кога станува збор за модата и стилот, се третира како „Светото писмо“.

– Создадете сопствен стил. Нека биде уникатен, но во истовреме и другите да можат да се идентификуваат со него. Потребно е да имате свои модни правила, да бидете пример и инспирација, но мора да имате сопствен изграден стил. Немојте слепо да ги следите трендовите. Не треба да заборавите на својата личност и своето тело. Најлошото нешто што можете да го направите е да се чувствувате неудобно во нешто што го носите – гласат зборовите на познатата модна икона.






Во видеоинтервју за својот магазин, Ана Винтур своевремено изјавила дека никогаш не би носела црно од глава до пети.

Интересно е што токму тоа е една од најчестите комбинации, која инаку се смета за врвна елеганција и ја обожаваат многу славни дами како Џенифер Анистон и Кејт Мос.

Ана има поинакви модни правила и визии и таа веројатно би ни препорачала да го „разбиеме“ црнилото со впечатлив моден додаток во живи бои, да додадеме некоја контрастна боја или да ја одбереме непогрешливата и вечна црно-бела комбинација.

 

All Black Outfit Ideas For Early Fall 2020 ⋆ FashionTrendWalk.com

Photo of Runway Model Modelling a Black Outfit · Free Stock Photo

Поврзани содржини