АНА ТРИШИЌ БАБИЌ Е В.Д. ПРЕСТЕДАТЕЛ НА РЕПУБЛИКА СРПСКА Мандатот на Додик и официјално е завршен
Тришиќ Бабиќ досега беше советник за надворешна политика на Додик и се смета за негов верен соработник, а нејзиното име беше споменато во контекст на изборот на лицето кое ќе ги води преговорите за пристапување со Европската Унија во име на Босна и Херцеговина.
Ана Тришиќ Бабиќ е назначена за вршител на должноста претседател на Република Српска. На нејзиното назначување му претходеше неколкучасовна дискусија во Народното собрание на Република Српска.
Тришиќ Бабиќ досега беше советник за надворешна политика на Додик и се смета за негов верен соработник, а нејзиното име беше споменато во контекст на изборот на лицето кое ќе ги води преговорите за пристапување со Европската Унија во име на Босна и Херцеговина.
Со ова се потврди престанокот на мандатот на Милорад Додик. 48 пратеници беа за нејзиното назначување, додека четворица беа против.
Членовите на опозицијата истакнаа дека Уставот не ја признава функцијата вршител на должноста претседател на Републиката и дека тоа го крши Уставот, дека нејзиното назначување е пропаст на српската нација, дека НАТО е лобист…
И не е прв пат таа да биде назначена за вршител на должноста. Пред 20 години таа беше вршител на должноста и во Советот на министри на Босна и Херцеговина, наместо Младен Иваниќ.
Некои ја сметаат за лобист за пактот НАТО во Босна и Херцеговина, но сите познавачи на политичките ситуации се согласуваат дека таа е личност од посебна доверба на Милорад Додик. И токму затоа Жељка Цвијановиќ, и покрај стотиците илјади гласови што ги доби на изборите, немаше шанса против неа.
Со нејзиното назначување и поништување на неколку закони, заврши седницата на Народното собрание на Републиката.