АНА САСО ИЗГЛЕДА ФАНТАСТИЧНО ВО КОСТИМ ЗА КАПЕЊЕ И ПОСЛЕ 60-ТАТА Поранешната Мис на Југославија позираше покрај базен

Поранешната мис на Југославија, 62-годишната Ана Сасо, објави фотографии во едноделен костим за капење и покажа дека сè уште има извонредно тело

1,333

Поминаа повеќе од четириесет години откако Ана Сасо ја освои титулата на Мис на Југославија, во 1982 година, но таа сè уште плени со својата убавина и денес, кога ја помина шесетата.

Доказ за ова се социјалните мрежи кадешто Сасо повремено ги чести своите пријатели и следбеници со нови фотографии. Сега таа објави нова фотографија во костим за капење на која позира покрај базенот, заводливо гледајќи во камерата.






 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ana Sasso (@sasso.ana63)

Последните неколку години Ана живее во Самобор со Хрвоје Томасовиќ, хирург од Сплит. Во една пригода таа раскажала како се запознале.

– Ништо не е случајност. Отсекогаш сум била многу емотивна, дури и чувствата на другите луѓе ги земав многу при срце. Светот некако беше суров кон мене. Сето тоа ме погоди, но она што ме спаси беше тоа што сум исклучително цврста во главата. Повторно, ако се собираш во себе, тоа апсолутно не е добро. Мораш сè да искажеш, а јас тоа порано не го правев. И така почнаа моите напади на паника. Се борев со тоа околу година и пол. Не секој ден, а пред да го запознаам Хрвоје беше сè почесто. Денес сме многу повеќе запознаени со овој проблем, но тогаш никој не ми кажа за што станува збор – раскажала Ана за Стори.

Во едно интервју за Слободна Далмација, таа рекла дека жали што немала деца.

– Секако дека жалам што не се исполнив како жена на тој начин. Но, не мислам дека сум лишена од ништо, претпоставувам дека така требало да биде, тоа се Божјите патишта, ние планираме, тој одлучува… Многу сум исполнета во таа смисла бидејќи имам две сестри и еден брат, а исто така и внуци и внуки кои поминале низ моите раце и кои ја имале мојата апсолутна и безусловна љубов. Така надоместив затоа што немав свои деца, рекла Ана, која ги има сестрите Сандра и Јулија и братот Ловро.

Нејзините внуци и внуки, кои ги има девет на број, се нејзиното најголемо богатство. Порано оваа година, таа објави фотографија на Инстаграм со својата внука Петра, ќерка на нејзината сестра Јулија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ana Sasso (@sasso.ana63)

Поврзани содржини