АНА ИВАНОВИЌ И БАСТИЈАН ШВАЈНШТАЈГЕР ОФИЦИЈАЛНО СЕ РАЗВЕДОА Тенисерката останува во вилата, познато е кој го добива старателството над децата
Поранешната српска тенисерка Ана Ивановиќ и германскиот фудбалер Бастијан Швајнштајгер официјално се разведоа, објави српскиот портал „Мондо“.
Поранешната српска тенисерка Ана Ивановиќ и поранешниот германски фудбалер Бастијан Швајнштајгер официјално се разведоа, објави српскиот портал „Мондо“.
Поранешна двојка ги потпиша сите документи и ставија крај на својот брак по девет години. Официјалниот развод го потврди адвокатот на поранешната српска тениска ѕвезда, наведувајќи ги непомирливите разлики.
Исто така, близок извор до двојката откри детали за нивниот развод.
– Пред Бастијан да почне јавно да се појавува со други жени, двајцата решија да се разведат. Само најблиските членови на семејството знаеја за оваа информација. Нивните адвокати веќе сè финализираа правно. На хартија, тие се слободни луѓе кои можат да продолжат со своите животи како што им одговара. Ана го прифати тоа многу добро и не ѝ пречи што Бастијан се однесува толку слободно, иако мисли дека тој го прави тоа намерно – сподели блискиот пријател на Ивановиќ.
Да потсетиме, Ивановиќ и Шванштајгер добија три деца за време на нивниот брак – синовите Лука, Леон и Тео. Засега е одлучено дека тие заедно ќе се грижат за децата, а семејната куќа ѝ припадна на Ивановиќ, каде што таа моментално живее со своите деца. Нивниот семеен имот во Шпанија се наоѓа во еден од најлуксузните одморалишта во таа земја – Сон Види, кој се наоѓа на Мајорка. Ивановиќ ја купил вилата од 950 квадратни метри во 2008 година за 4,5 милиони евра. Вилата е изградена во 1998 година и се наоѓа на имот што се протега на 6.000 квадратни метри. Приземјето од луксузната куќа располага со голема дневна соба, пространа кујна, спална соба, гардероба и бања, додека горниот кат располага со четири спални соби со балкони, три бањи и просторија за вработени. Дворот е украсен со голем базен и тениски терени.
Шванштајгер, според известувањата на медиумите, изнајмува луксузна вила во близина на Палма де Мајорка. Тој, наводно, живее таму со својата нова девојка Силва Капитанов, со која неодамна беше фотографиран како страсно се бакнува на плажа во Грција. Капитанов е жената која, според изворите, била причина за пропаѓањето на бракот меѓу Ивановиќ и Швајнштајгер.
Пред неколку месеци, се појавија првите гласини за разводот на еден од најхармоничните парови, а се пишуваше и дека фудбалерот е во врска со водителката Естер Седлачек. Набрзо беше откриено дека станува збор за друга жена, Силва Капитанов – поранешна инфлуенсерка и авторка на фитнес програма за жени по породувањето. Нивната врска, наводно, започнала додека Швајнштајгер сè уште бил во брак со Ивановиќ, а неодамна го потврдија тоа со патување во Грција.
Ивановиќ и Швајнштајгер се венчаа во 2016 година, а фудбалерот раскажа како се запознале во едно старо интервју.
– Првпат ја запознав Ана во Њујорк. Нè запозна заеднички пријател, кошаркарот Стефен Хаман. Во тоа време не знаев добро англиски, па повеќе ја слушав Ана отколку што зборував. Набрзо сфатив дека Ана е жената на мојот живот. Го имаш тоа посебно чувство кога си со таа личност и кога ќе погледнеш длабоко во нејзините очи – знаеш дека тоа е љубов. Тоа ми се случи мене со Ана – рекол тој.
Исто така, тој откри и како ѝ предложил брак на Ивановиќ.
– Го освоив семејството на Ана кога пристигнав во Белград и кога ја побарав нејзината рака од татко ѝ на српски јазик. Во Лондон има мали паркови до кои пристап има само локалното население. Тајно го изнајмив паркот од филмот „Нотинг хил“. Знаев дека Ана е љубопитна и кога шетавме, поминавме покрај тој парк, а вратата беше подотворена. Предложив да влеземе, на што таа се согласи. Влеговме, а потоа ја замолив да се омажи за мене. Тоа беше целосно изненадување за неа – рекол Швајнштајгер.