📷 📽 АНА ИВАНОВИЌ ГО ПОКОРИ БЕРЛИН Убавата тенисерка во секси фустан по баварската народна носија

Славната спортистка и една од најубавите Србинки, Ана Ивановиќ присуствувала на 45-годишнината од германското издание на магазинот „Вог“.

1,428

Славната спортистка и една од најубавите Србинки, Ана Ивановиќ присуствувала на 45-годишнината од германското издание на магазинот „Вог“.

Ана Ивановиќ редовно ја воодушевува и српската и германската јавност со своите софистицирани и елегантни изданија, а овој пат, убавата тенисерка застанала рамо до рамо со уредничката на „Вог“, славната Ана Винтур и ја оставила без зборови.






Ана и овој пат блеснала, а за овој настан избрала сребрен фустан од брендот Магда Батри. Ана се одлучила за долг фустан покриен со светки кој има метален сјај и ефектна роза во горниот дел.

Фустанот е уште поспецијален поради голиот грб и елегантниот шлиц, а тенисерката сè вклопила со розова чанта „Шанел“.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ana Ivanović (@anaivanovic)


„Тоа беше магична ноќ, со многу прекрасни средби“, напишала Ана во описот на објавите на кои се наоѓа и со познатата Ана Винтур.

Ана уште еднаш покажала дека има мошне добар стил, а би се рекло дека дури и на Ана Винтур ѝ се допаднал нејзиниот изглед.

Инаку, Ана и Бастијан во моментот престојуваат во Германија, а заедно ја воодушевија јавноста кога објавија фотографија од Октоберфест, на која убавата Ана е во баварска народна носија.

 

Поврзани содржини