📽️ АНА ДВАПАТИ ВРТЕЛА ЗА ПОМОШ, „АУДИТО“ ЗАВРШИЛО ВО КАНАЛ КАЈ ЧАЧАК Кој го управувал возилото?
Постои сомнеж дека телата се на Ана Радовиќ (20) и нејзина пријателка. Но, според српски Мондо, неофицијално, се смета дека на зад воланот на автомобилот „Ауди СКВ“ бил 37-годишниот Александар М. Неутешниот татко на Ана раскажува дека таа им рекла на родителите дека има превоз за тој ден.
Студентката Ана Радовиќ (20), која исечезна минатиот викенд, е една од загинатите во автомобилот „ауди“ пронајден во бетонски канал близу Чачак, потврди нејзиното семејство, тврди српски Курир.
Постои сомнеж дека телата се на Ана Радовиќ (20) и нејзина пријателка, а за време на истрагата се дознало дека девојката двапати повикала Итна помош од здробеното возило, пишува весникот кој објави снимки од местото на несреќата.
Но, според српски Мондо, неофицијално, се смета дека на зад воланот на автомобилот „Ауди СКВ“ бил 37-годишниот Александар М.
Таткото на исчезнатата Ана Радовиќ, која беше пронајдена мртва по тридневна потрага, за првпат проговори. Според него, Ана тој ден тргнала на факултет. Им кажала на родителите дека има превоз од Златибор, каде што живеела со нив. Тој сака да знае кој го управувал возилото.
– Не знам дали го познавала (тој човек) од претходно, никогаш не сум го видел. Моето дете беше прекрасно дете, нашето семејство е хармонично, немаше проблеми. Сакам да знам кој бил човекот што возел – вели неутешниот татко.
Aвтомобилот го нашле граѓани кои веднаш ги известиле полицијата и итната служба.
Според последните информации, на 23. ноември пристигнал таканаречен „паничен повик“, известување од возилото до Службата за Итна помош. Полицијата дошла на местото. Радовиќ двапати вртела од телефонот, еднаш во итната служба и во амбулантната помош.
Паничниот повик е функција која во Србија овозможува возачот или патниците автоматски да повикаат итна помош или со притискање на копче во случај на несреќа или опасност.
Ана е српска студентка од Златибор која на 23 ноември 2025 тргнала кон Белград, но оттогаш ѝ се губи трага.
Нејзиното исчезнување предизвика голема потрага. Последен телефонски контакт имала со брат ѝ во 18:45, кога била во близина на Чачак.