АНА ЧУПЕСКА ПОДНЕСЕ ОСТАВКА НА ФУНКЦИЈАТА ВО СДСМ Потпретседателката на партијата си оди поради „суштински разлики во концептите“

Оставката на Чупеска доаѓа во пресрет на најавените смени во партиајта, како резултат на лошите резултати на локалните избори.

2,028

Потпретседателката на СДСМ Ана Чупеска вчера доставила оставка до партиската архива, во која како мотив ги наведува „суштински разлики во концептите на партијата“ како и поради „разлики поврзани со методологијата, кои влијаат врз перспективите на СДСМ“.

ТВ 24 дојде до оставката на Чупеска, во која таа објаснува зошто се решила на тој чекор.






Претседателот на партијата Венко Филипче помеѓу двата круга на локалните избори рече дека по нивното завршување ќе има кадровски промени во партијата. Оставката на Чупеска доаѓа во пресрет на најавените смени.

Ана Чупеска (родена 1981год. во Скопје) е редовна професорка на факултуетот за политички науки при Правниот Факултет “Јустинијан Први” на УКИМ во Скопје. Таа е доктор по политички науки и магистер на науки по меѓународна политика, а нејзиниот научен интерес ротира околу прашањата за мултикултурализмот, групноспецифичните права и конфликтите на идентитети, демократијата, популизмот, авторитаризмот, меѓународните политички односи.

Поврзани содржини