ЈАНА АТАНАСОВСКА ЗАОСТАНУВАШЕ ПА СЕ ОТКАЖА Следен настап ѝ е на слалом на 18 февруари

231

Македонската скијачка Јана Атанасовска не успеа да ја заврши првата трка во велеслалом на Зимските олимписки игри 2026.

Атанасовска на патеката на денешната трка мина само триесетина секунди и не успеа да се избори за втората трка.






Во првото мерење таа имаше заостанување од 1,45 секунди зад водечката скијачка, на втората контролна станица негативата изнесуваше 2,97, а потоа се откажа.

Следен настап на Атанасовска на Олимпијадата во Италија ќе биде слаломот закажан за 18 февруари.

Водечка по првата велеслаломска трка е Италијанката Федерика Брињоне.

Почетокот на втората трка е закажан за 13:30 часот.

Поврзани содржини