АТАНАСОВСКА И ЈАДА ЌЕ ГО НОСАТ МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ Делегацијата пристигна во Милано пред отворањето на ОИ

Свеченото отворање на Зимските олимписки игри Милано–Кортина е утре на стадионот „Сан Сиро“.

65

Македонската делегација со четворица спортисти, предводена од шефицата на делегацијата Цветанка Макаровски, пристигна во Милано, каде утре ќе се одржи свеченото отворање на 25. Зимски Олимписки игри.

Свечената церемонија на отворањето на Олимписките игри Милано–Кортина ќе се одржи утре, во петок, на 6 февруари, на Олимпискиот стадион „Сан Сиро“ во Милано, со почеток во 20:00 часот по македонско време.






Натпреварувањата ќе се одвиваат на повеќе локации, покрај Милано и во Предацо, Ливињо и Кортина д’Ампецо, каде што ќе настапуваат спортисти од целиот свет.

Македонското знаме на овие Зимски олимписки игри ќе го носат Јана Атанасовска во Кортина д’Ампецо и Ставре Јада во Предацо, кои ќе ја претставуваат државата на свечените церемонии на отворањето во олимписките центри.

Со нивното учество, Македонија и официјално ќе го означи почетокот на настапите на Зимските олимписки игри Милано–Кортина 2026.

Поврзани содржини