АНЃУШЕВ Е ПОЧЕСЕН КОНЗУЛ НА МАЛТА ВО ЗЕМЈАВА Предизвик е да се поврзат бизнисмените од двете земји
Именувањето на Анѓушев е одобрено од Владата на Малта, а соодветни одобрувања се дадени и од македонската Влада.
Проф. д-р Кочо Анѓушев е именуван за почесен конзул на Република Малта со указ на претседателот Џорџ Вела од 5 октомври годинава, а денеска во Скопје официјално е отворен конзулатот.
Именувањето на Анѓушев е одобрено од Владата на Малта, а соодветни одобрувања се дадени и од македонската Влада.
– Ќе ми претставува особена чест и задоволство да бидам почесен конзул во нашата држава на Малта која е членка на Европската Унија. Малта, иако мала со околу 460.000 население, таа е економски високоразвиена земја од која имаме многу да научиме. Соработката и трговската размена со Малта е на многу ниско ниво и ќе ми биде предизвик да работам на зголемување на, пред сѐ, економските активности, создавајќи конекции на малтешки стопанственици со нашата држава и да видиме колку производи може да пласираме од кај нас во Малта – рече Анѓушев по повод отворањето на канцеларијата на конзулатот.