АНЃУШЕВ БИЛ СТАВЕН НА „ЦРНАТА ЛИСТА“ НА САД ПОРАДИ ИНИЦИЈАТИВИТЕ ЗА СОРАБОТКА МЕЃУ СДСМ И ВМРО-ДПМНЕ Зијадин Села открива што се случило

„Меѓународниот фактор" сакал да покаже дека идејата за исклучување на ДУИ е неприфатлива, тврди Села за „Фокус“.

5,015

Бизнисменот Кочо Анѓушев, поранешен вицепремиер, бил ставен на „црната листа“ на САД поради иницијативите за соработка меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, тврди Зијадин Села.

Во интервју за неделникот „Фокус“, опозицискиот пратеник од Европскиот фронт тврди дека тоа се случило откако проструи една информација по медиумите дека треба да се направи коалиција меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, со исклучување на ДУИ.






„Имаше информација и за средби меѓу Заев и Мицкоски, со олигарси внатре. После овие информации Кочо Анѓушев беше ставен на црна листа. Кога веќе јасно се покажа од страна на меѓународниот фактор дека таква идеја е неприфатлива, бидејќи ќе удира врз стабилноста на државата, а за целта зошто тие го правеа тоа, немам информации, но претпоставувам дека се работи за бизнис зделки“, вели Села.

Поврзани содржини
na