АНЏЕЛИНА ЏОЛИ ШОКИРАШЕ СО ИЗГЛЕДОТ Го покажа голиот стомак и пирсот на папокот (ФОТО)

Џоли беше фотографирана како излегува од деловна зграда на Беверли Хилс во црно од глава до пети, краток топ и широки панталони.

928

Холивудската ѕвезда Анџелина Џоли, која со години е мета на критики во јавноста поради нејзината претерано тенка фигура, пред некој ден се појави во издание кое ќе ги остави без зборови и најголемите критичари.

Џоли беше фотографирана како излегува од деловна зграда на Беверли Хилс во црно од глава до пети, но тоа не ги изненади корисниците на социјалните мрежи. Актерката била облечена во комплет каков што досега не сме виделе на неа.






Краткиот топ и ултрамодерните широки панталони во комбинација со рамни сандали со платформа изгледале совршено елегантно.

Но, она што јавноста немаше можност да го види долго време, ако не и никогаш (барем не во последните десет години), е стомакот на актерката. Обожавателите на Анџелина „полудеа“ откако забележаа дека таа има пирс на стомакот.

 


Анџелина е позната по своите лежерни комбинации, најчесто во бели, беж и црни варијанти, а колку и да изгледаат „здодевно“ и вообичаено, зрачи со префинетост. За разлика од колешките и другите дами од шоу-бизнисот, актерката ретко го покажува стомакот, не носи мини здолништа (освен фустани со високи шлицови на црвениот тепих) и токму затоа ова нејзино издание предизвика неверување на мрежите.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Angelina Jolie (@angelinaa.joliie)

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини