Холивудската актерка, Анџелина Џоли веќе неколку години не режира филмови, туку му се посвети на актерството. Џоли објасни и зошто ја донела таа одлука.
„Обожавам режија, но има промена во мојата семејна ситуација што прави невозможно да режирам неколку години“, изјави актерката за „Ентертејмент викли“.
Како што тврди актерката, ѝ требале пократкотрајни работи за да може што повеќе време да поминува дома. Иако Џоли и Бред Пит се разделени подолго време, официјалниот развод сè уште не е завршен.
Наскоро излегува филмот „Those Who Wish Me Dead“ со Анџелина во главната улога. Наидувала на проблеми додека глумела. Таа морала да го потисне мајчиниот инстинкт затоа што ликот што го отелотворува има поинаков став кон децата.
– Понекогаш режисерот Тејлор Шеридан ме коригираше, бидејќи моето однесување кон детето беше различно од однесувањето на Хана кон некое дете. Ми требаше некое време да почнам да се однесувам лошо, но успеав – рекла Џоли.