АНЏЕЛИНА ЏОЛИ ПОДГОТВЕНА ЗА НОВ ЖИВОТ НАДВОР ОД САД По завршувањето на договорот за старателство со Бред Пит, ѕвездата конечно ќе ја исполни својата долгогодишна желба

Анџелина Џоли е на чекор да направи голема животна промена – преселба надвор од Соединетите Американски Држави. Според светските медиуми, актерката и хуманитарка веќе планира каде ќе го започне следното поглавје од својот живот, откако најмладите деца ќе наполнат 18 години и ќе престане важноста на договорот за заедничко старателство со Бред Пит.

845

 

Анџелина Џоли планира ново поглавје во својот живот – надвор од Соединетите Американски Држави. Според најновите извештаи на светските медиуми, актерката е решена да се пресели во странство штом нејзините најмлади деца станат полнолетни.






Иако одамна ја имала оваа желба, Џоли остана во Лос Анџелес поради судскиот договор со Бред Пит за заедничко старателство. Со завршувањето на тој договор, на ѕвездата од „Maleficent“ ѝ се отвора патот конечно да ја реализира замислата.

Точната дестинација каде што планира да живее сè уште не е откриена, но актерката во повеќе интервјуа досега изразувала љубов кон Европа и Азија, каде што активно работеше на хуманитарни мисии, па се шпекулира околу преселба во Франција, во Камбоџа или во Италија.

Фановите и медиумите шпекулираат дека преселбата ќе ѝ овозможи поголема приватност и мир, подалеку од постојаното внимание во Холивуд.

 

Поврзани содржини