Анџелина Џоли пишува книга, еве за што

580

Времето кое го минува во карантин со својте шест деца за холивудската актерка Анџелина Џоли било продуктивно. Освен што напишала есеј, работи на промоција на новиот филм и се грижи за децата, таа остварила и интересна соработка со Амнести Интернешнал.

На официјалниот профил на Амнести Интернешнал членовите откриле дека холивудската актерка во соработка со нив работи на нова книга.






Станува збор за книга која на пазарот би требало да се појави во септември идната година и тоа под името „Know Your Rights (And Claim Them)“, која е наменета на младите за да сфатат кои се нивните основни човекови права.

– Денес младите се ангажирани и спремни за борба, но многумина се борат со дезинформации кои ги добиваат од возрасните, со недостиг од свест за својте права, како и со недостиг на знаење за тоа како да ги користат својте права, применувајќи ги на околностите во кои живеат. Мора да им дадеме алатка со која ќе ојакнат за борба и која ќе ги охрабри – порачала Џоли.

 

Поврзани содржини