АНЏЕЛИНА ЏОЛИ НЕНАЈАВЕНО ВО УКРАИНА Холивудската ѕвезда влегла во земјата пешки, а потоа избувнал невиден скандал

Ненадејната посета на актерката и хуманитарка Анџелина Џоли на Украина предизвика огромен скандал околу нејзината придружба. Според повеќе извори, член на нејзиниот тим неочекувано бил регрутиран во украинската армија, објавува POLITICO.

168

Анџелина Џоли пристигна во Украина како амбасадор на УНИЦЕФ, а во вторникот го посети Херсон, град на првата линија на одбраната на Украина против Русија. Ова е нејзина втора посета на Украина од 2022 година, кога го посети Лавов.

Висок украински функционер изјави за POLITICO дека се случил инцидент помеѓу член на нејзината придружба и локални воени регрутери на контролен пункт. Украинските власти се обидуваат да утврдат што точно се случило. Службеникот, исто така, рекол дека Џоли не ја известила украинската влада за нејзината намера да ја посети земјата и дека влегла во Украина пеш.






Копнените сили на украинската армија објавија соопштение во кое открија детали за инцидентот. Во нив се тврди дека регрутираното лице бил возачот на Анџелина. Изјавата подоцна беше избришана, а властите тврдат дека не можат ниту да потврдат ниту да негираат што точно се случило.

– Информациите што се шират во медиумите се искривени, истрагата е во тек и сите околности моментално се разјаснуваат – рекле тие.
Регионалната канцеларија за воено регрутирање на Николаев го потврди инцидентот за POLITICO, велејќи дека возачот на Џоли бил воен резервист и му било наредено да се јави на воена обука. Не е познато дали веднаш бил испратен на обука, а претставникот на Анџелина Џоли одби да го коментира случајот за јавноста.

Локалниот портал Никвести објави видео од Џоли во Николаевската област, а шпекулациите за инцидентот се проширија на социјалните мрежи.

Поврзани содржини