Анџелина Џоли испрати моќна порака до сите злоставувани жени и им даде совет како да се заштитат ВИДЕО
Добро е познато дека холивудската актерка е една од најгласните активистки кога станува збор за деца, но и за злоупотреба на жени. Уште еднаш ги искористи своето име и глас за да испрати јасна и моќна порака до сите жени кои доживуваат злоупотреба во своите семејни домови во пандемијата на коронавирусот, а особено во наредните празници.
Во склоп на своите задолженија во Обединетите нации, но и по повод кампањата 16 дена на активизам, 45-годишната холивудска актерка испрати моќна порака до сите жени кои стравуваат дека може да доживеат злоупотреба за време на претстојните празници. Имено, поради пандемијата на коронавирусот, која заклучи многу луѓе ширум светот помеѓу четирите sида од нивните домови, има сè повеќе злоставувања на жени и деца, па затоа Анџелина Џоли испрати јасна порака до сите нив.
Анџелина рече дека секоја жена треба да разговара за своите проблеми со оние на кои им верува, но исто така и дека треба да се обидат да ги пронајде оние кои прво можат да им помогнат во таквите ситуации, а сè за да се заштитат себеси и своите деца од потенцијална злоупотреба.
– На пример, тие би можеле да се договорат за шифриран збор со пријател или член на семејство, а кој што тој изговорен збор, ќе им даде до знаење дека ви треба помош – рекла Анџелина Џоли, додала:
„Тажно е тоа да се каже, но не можете да претпоставите дека пријателите и семејството секогаш ќе ви веруваат или ќе ве поддржат. Честопати има ситуации кога туѓинците се оние кои ви помагаат. Или другите жртви, групите за поддршка… “
Покрај тоа, таа нагласила дека жените мора да бидат многу внимателни во такви ситуации.
– Единствено вие знаете во каква опасност се наоѓате и додека не ги пронајдете луѓето на кои можете да им верувате, вие би можеле да се чувствувате многу осамено – рекла Џоли.
Холивудската актерка имала совет и за луѓето на кои злоупотребуваните лица им се обраќаат за помош:
„Обидете се да ги разберете сите емотивни, финансиски и правни притисоци со кои се соочуваат овие луѓе, како и дека многу веројатно доживеале траума или страдале од ПТСП. Ако некогаш сте помислиле дека некој ваш близок е во ваква неволја, обидете се секогаш да бидете на дофат на раката, дадете им до знаење дека сте тука за нив.“