Анџелина Џоли и младиот пејач повторно уловени заедно: Актерката насмеана од уво до уво (ФОТО)

2,010

Откако пред помалку од еден месец биле видени заедно на вечера, актерката Анџелина Џоли и пејачот Д Викенд сега се појавиле на концерт и така ги поттикнаа дополнителните гласини дека зад нивната средба има нешто повеќе од деловни разговори.

Анџелина поради разводот со поранешниот сопруг Бред Пит сѐ уште е по судови, а неодамна се разочара бидејќи судот додели заедничко старателство над нивните шест деца. Нивниот развод трае уште од 2016 година. Сепак, некои сметаат дека Анџелина конечно пронашла нова љубов.






Новите гласини за љубовниот живот на актерката почнаа да кружат на крајот на јуни, кога таа и пејачот Д Викенд (31) беа заедно на вечера во луксузен хотел.

Наводно, вечерата била деловна и се дискутирало за тоа дека пејачот треба да ја започне својата актерска кариера во Холивуд.

– Тие се само пријатели, но не се знае, можеби ќе бидат нешто повеќе во иднина. Тој не крие дека му се допаѓа Анџелина веќе подолго време – изјавил тогаш извор за британски „Сан“.

andjelina dzoli i the weeknd
Сега, парот бил повторно забележан на приватен концерт во Лос Анџелес, наведува инстаграм-профилот Deuxmoi.

Како што пренесуваат извори, актерката била многу расположена и не ја симнувала насмевката од лицето.

Нивните одвоени фотографии протекоа во јавност и се забележува дека Д Викенд е во друштво на пријателите, додека Анџелина седи со ќерките Захара и Шајло.

Наводно, дури и популарниот пејач алудирал на познатата актерка во една од неговите песни. „Тој е фасциниран од неа, тие се гледаат веќе некое време и тој никогаш не бил толку возбуден“, изјави извор близок на пејачката за американските медиуми.

Инаку, неговата поранешна девојка, пејачката Селена Гомез, медиумите ја поврзуваа со поранешниот сопруг на Анџелина, Бред Пит, уште во 2016 година.

FOTO: Твитер/Јутарњи.хр

Поврзани содржини