Анџелина му се осветува на Бред Пит преку децата, на актерот не му е дозволено да ги гледа поради новата девојка!
Наводно, 45-годишната актерка е загрижена затоа што нејзиниот поранешен сопруг решил да патува во странство среде пандемијата, на друг континент со цел да биде со својата нова девојка.
Откако се врати од Франција со својата нова девојка, германската манекенка Никол Потуралски, Анџелина Џоли наводно го принудила Бред Пит на 14-дневна самоизолација, пишува „US Weekly“. Тоа е услов ако сака да ги види нивните заеднички деца, кои живеат со познатата актерка.
Наводно, 45-годишната актерка е загрижена затоа што нејзиниот поранешен сопруг решил да патува во странство среде пандемијата, на друг континент со цел да биде со својата нова девојка.
Бред се надеваше дека ќе го скрати периодот на карантин планирајќи да направи два теста за коронавирус, со растојание од неколку дена, но планот воопшто не и се допадна на Анџелина. Таа инсистираше 56-годишниот актер да остане дома сè додека не помине опасноста, пред се во корист на нивните деца.
– Анџелина инсистираше Бред да остане во изолација 14 дена по враќањето од Франција, наведувајќи го зголемувањето на бројот на случаи со вирусот ковид-19 во земјата. Таа не сакаше да ризикува нивните деца да добијат коронавирус – изјави изворот за порталот „US Weekly“.
За тоа време, Бред нема да смее да ги гледа децата, услов со кој наводно се согласил актерот.
Додека некои веруваат дека Анџелина е грижлива мајка која стравува за здравјето на своите деца, други веруваат дека актерката му се одмаздува на Бред поради неговата нова романса со 27-годишната манекенка и неговиот неодамнешен потег. Имено, за време на патувањето, славниот оскаровец ја однесе својата млада девојка во замокот каде Анџелина и тој разменија брачни завети во 2014 година.
Потоа, изворот близок до Бред и Анџелина изјавил дека актерот многу добро знаел каква реакција ќе предизвика кај неговата поранешна сопруга, носејќи нова девојка на особено важно место за нив, на денот на годишнината од нивниот брак.
– Едноставно не му е гајле што Анџелина полудува. Покрај тоа, тој се надева дека ќе го стори тоа – изјави изворот за „US Weekly“.
Анџелина, наводно, била бесна кога дознала што сторил Бред, а не и се допаѓаше тоа што „се покажуваше“ во Европа со ново, 30-годишно девојче, наместо да ја одржува својата врска за себе и на тој начин да покажува почит кон неа и децата. Актерката смета дека неговиот потег е крајно груб и несоодветен.
Како што претходно беше соопштено, Бред и Никол се пријатели уште од минатата година, кога заедно се забавуваа во Берлин по премиерата на неговиот филм „Беше еднаш во Холивуд“, а беа видени заедно во ноември истата година по настапот на Кание Вест.