АНЏЕЛИНА И Д ВИКЕНД НЕ ЈА КРИЈАТ РОМАНСАТА Повторно уловени на заедничка вечера (ФОТО)

Актерката и пејачот уживале неколку часа во италијански ресторан во Санта Моника, а дошле во придружба на телохранители и обезбедувањето.

968

Гласините од пред неколку месеци стануваат се погласни. Анџелина Џоли (46) и канадскиот хитмејкер Д Викенд (31) беа повторно снимени на излегување од ресторанот, а шпекулациите за нивната романса се сѐ почести.

Актерката и пејачот уживале неколку часа во италијански ресторан во Санта Моника, а дошле во придружба на телохранители и обезбедувањето. Подоцна отишле во неговата луксузна вила на Бел Ер.

 






На излегување од ресторанот, неколку фотографи ги „уловиле“.

И двајцата биле облечени во црна облека, Анџелина носела фустан и капут, додека пејачот беше во фармерки и јакна.

 

Анџелина и Д Викенд покренаа лавина гласини на почетокот на јули кога беа снимени исто така во Санта Моника, но тогаш си заминаа одделно дома.

Актерката откако се раздели од Бред Пит, ја поврзуваа со поранешниот сопруг Џони Ли Милер, бидејќи неколкупати беше снимена како влегува и излегува од неговиот стан.

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини