Аминта III и Филип V од мостот „Око“ добија појаснување дека припаѓаат на античката хеленска историја
Меѓу фигурите кои добија вакво објаснување, а кое е пропишано со Преспанскиот договор со Грција, е и онаа на Персеј (последниот цар на античка Македонија.
Утрово на мостот „Око“, се поставени нови табли пред секоја скулптура на личности од античкиот период. На секоја табла е нагласено дека личноста „припаѓа на античката хеленска историја и цивилизација и светското културно и историско наследство“, објави „Денешен“ повикувајќи се објави на Фејсбук.
Меѓу фигурите кои добија вакво објаснување, а кое е пропишано со Преспанскиот договор со Грција, се и оние на Персеј (последниот цар на античка Македонија), Филип V (кој владеел од 221 до 179 година п.н.е. и ги предводел Првата и Втората македонска војна против Рим), како и Аминта
III (крал на Македонија од 393/389 до 369 година п.н.е., татко на Филип II и дедо на Александар Македонски).