„АМФЕНОЛ ЗАКСЕНКАБЕЛ“ ОТВОРИ НОВ ОБЈЕКТ Се овозможува вработување на уште 100 работници

Германски „Заксенкабел“ во „Амфенол“ работи на производство на оптички кабли за телекомуникациската индустрија и е единствена бизнис единица од таков карактер во индустрискиот гигант од Кочани. 

1

Компанијата „Амфенол Технолоџи Македонија“ отвори уште еден нов деловен простор наменет за производната единица на „Заксенкабел“. Всушност, станува збор за дислокацијата во нов и поголем објект на германскиот бренд, што треба да овозможи  подобрување на условите за работа на вработените, на работниот процес и да отвори можност за идни нови проекти и проширување на производните капацитети.

– Оваа релокација на „Заксенкабел“ во нова зграда со околу 1.800 квадратни метри работна површина треба да донесе подобрување на работните услови за самите вработени, да се подобрат самите работни процеси и преку  континуирано инвестирање во нова опрема да се создаде подлога за идните проекти кои што следат – изјави за МИА, Оливер Андовски, оперативен менаџер на бизнис единицата на „Заксенкабел“ .






Германски „Заксенкабел“ во „Амфенол“ работи на производство на оптички кабли за телекомуникациската индустрија и е единствена бизнис единица од таков карактер во индустрискиот гигант од Кочани.

-Во моментов имаме 35 вработени, очекувањата се до крајот на годината да го прошириме капацитетот на 120 до 150 вработени – најави  Андовски.

Објектот го пуштија во употреба генералниот директор на „Амфенол“, Сашко Наков и генералниот менаџер на „Амфенол Заксенкабел“ Мајкл Милер.

Во „Амфенол технолоџи Македонија“ се вработени повеќе од 3.200 лице во десет бизнис единици. Овде егзистенција наоѓаат работници од целиот Исток на Македонија, од Пехчево до Пробиштип и Свети Николе.

Поврзани содржини