АМЕРИКАНСКИТЕ НАФТАШИ ПОПРВО БИ ОТИШЛЕ ВО ИРАН ОТКОЛКУ ВО ВЕНЕЦУЕЛА Експертите објаснуваат зошто е тоа така
Тие оценуваат дека, и покрај годините санкции на САД, нафтената индустрија на Иран останува структурно стабилна и дека компаниите од САД би можеле брзо да го зголемат производството доколку се промени политичката ситуација.
Американските нафтени компании се подготвени да го „стабилизираат“ Иран доколку дојде до промена на режимот, додека се скептични во врска со враќањето во Венецуела поради безбедносни и правни пречки, вели раководителот на Американскиот институт за нафта (API), Мајк Сомерс.
Сомерс оценува дека, и покрај годините санкции на САД, нафтената индустрија на Иран останува структурно стабилна и дека компаниите од САД би можеле брзо да го зголемат производството доколку се промени политичката ситуација.
– Ова е добра вест за иранскиот народ, тие ја земаат својата слобода во свои раце – рече Сомерс, коментирајќи ги протестите во Иран за порталот Политико.
Од друга страна, според него, враќањето во Венецуела би барало значителни гаранции за безбедноста на инвестициите, оперативната безбедност и почитувањето на владеењето на правото, што би барало повеќе време.
-Ако ги сторат овие три големи работи како што треба, мислам дека ќе има инвестиции во Венецуела – рече тој.
Тој исто така нагласува дека API се спротивставува на какви било предлози американската влада да стекне удели во нафтени компании што инвестираат во Венецуела.
И другите експерти кои учествуваа на годишниот настан на Американскиот институт за нафта за состојбата на американската енергија во Вашингтон, ги истакнаа разликите меѓу Иран и Венецуела, особено кога станува збор за состојбата на нафтената инфраструктура.
– Иран успеа да го зголеми производството и покрај најагресивните санкции на САД – рече Кевин Бак од „Клирвју енерџи партнерс“.