АМЕРИКАНСКИТЕ ЦАРИНИ ЈА ДОКАЖУВААТ НЕСПОСОБНОСТА НА БРИСЕЛ Сијарто распали по раководството на ЕУ

Време за промени во Брисел и патриотите конечно треба да ги заменат луѓето како Фон дер Лајен, вели унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.

586

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто денеска изјави дека новите, зголемени царини на САД за увоз од Европската Унија ја докажуваат неспособноста на раководството во Брисел  и рече дека е време за патриотски пресврт.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, претходно денеска објави дека Европската Унија од 1 август ќе се соочи со царина од 30 отсто.






Министерството за надворешни работи на Унгарија во соопштение го цитираше Сијарто кој наведе на социјалните мрежи дека мерката преземена од САД е уште еден доказ за целосната неспособност на претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, и на самата ЕК.

– Оваа неспособност веќе предизвика многу штета и проблеми за Европа во последните неколку години, а сега имаме уште еден неуспех: Урсула фон дер Лајен и Европската Комисија не успеаја да издејствуваат поволен трговски договор со американската администрација и повторно страдаат европската економија, европските компании и европските граѓани – истакна Сијарто.

Според него, царините на ЕУ кон САД требало веднаш да се намалат откако Доналд Трамп ја презеде должноста.

– Урсула фон дер Лајен и Европската Комисија тоа не го сторија, и ние, Европејците, повторно страдаме поради тоа. Време за промени во Брисел и патриотите конечно треба да ги заменат луѓето како Фон дер Лајен – додаде унгарскиот министер за надворешни работи Сијарто.

Поврзани содржини