АМЕРИКАНСКИОТ СЕНАТОР БУКЕР ЦЕЛИ 25 ЧАСА ГО „ПЛУКАШЕ“ ТРАМП Како ли издржа без тоалет толку време?

Само колегите од Демократската партија му давале одмор на сенаторот Кори Букер, со тоа што му поставувале прашања, а така технички ја продолжувале расправата.

183

Американскиот сенатор, Кори Букер, го собори рекордот за најдолг говор одржан во Сенатот, објави Би-Би-Си.

Маратонското обраќање на демократот од Њу Џерси, кое беше симболичен протест против претседателот Доналд Трамп и во кое тој предупреди за „тежок и итен“ момент во американската историја, заврши по 25 часа и 4 минути.






Говорот започна во понеделникот во 19 часот по локално време, со цел, како што рече, „да предупреди на длабока политичка и социјална криза со нарушување на нормалната работа на Сенатот“.

– За само 71 ден, претседателот на САД направи толку голема штета на безбедноста на Американците, на финансиската стабилност; на основните темели на нашата демократија. Ова не се нормални времиња во Америка. И не треба така да се третираат во Сенатот на САД – рече Букер.

Во својот говор, тој ги осуди плановите за можни намалувања на предлозите за „Медикејд“ (Medicaid), имиграцијата, социјалното осигурување и за владините реформи кои произлегуваат од соработката меѓу администрацијата на Трамп и на Илон Маск.

За време на говорот, Букер не смееше да седне, да се одмори или да оди во тоалет – во спротивно би го изгубил правото да зборува.

Единствен одмор му давале неговите колеги од Демократската партија кои му поставувале прашања, со што технички ја продолжувале расправата.

Иако тоа не беше филибастер – говор дизајниран да попречи усвојување на нацрт-закон – тој успеа да ја „блокира“ работата на Сенатот, контролиран од републиканците.

Претходниот рекорд го држеше републиканскиот сенатор Стром Турмонд, кој зборуваше 24 часа и 18 минути против Законот за граѓански права во 1957 година.

Поврзани содржини
na