Познатиот режисер Мајкл Мур им порача на Американците да ја посетат Македонија

1,908

Американскиот режисер Мајкл Мур на Фејсбук ја промовира Македонија, како една од осумте земји во светот каде што Американците може да патуваат без никакви ограничувања.

– Планирате патување за време на празниците? Сфаќате ли дека остатокот од светот нè смести во сопствен приватен затвор, нели? Сега ни е забрането да патуваме без ограничување скоро секаде во светот. Само осум земји дозволуваат влез со американски пасош без никакви ограничувања (без карантин, без претходно тестирање, без виза, без ништо). Еве ги единствените нации во кои можете слободно да патувате како Американец: Северна Македонија, Косово, Тунис, Турција, Доминиканска Република, Мексико, Малдиви, Србија (има 23 други земји што ќе дозволат влез – но со ограничувања и карантини).






На крајот, познатиот режисер за престој ги препорачува Скопје и хотелот „Стар Конак“.

 

Поврзани содржини