АМЕРИКАНСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ И ХОЛИВУД Џо Бајден им оддаде почит на Брус Спрингстин, Вера Венг, Џулија Луис-Драјфус… (ФОТО)

Американскиот претседател Џо Бајден во вторникот им додели Национални медали на голем број луѓе кои дале придонес во американското општество, вклучувајќи ги рокерот Брус Спрингстин, актерката Џулија Луис-Драјфус, историчарот Волтер Ајзаксон и писателката Ејми Тан.

232

Американскиот претседател Џо Бајден во вторникот им додели Национални медали на голем број луѓе кои дале придонес во американското општество, вклучувајќи ги рокерот Брус Спрингстин, актерката Џулија Луис-Драјфус, историчарот Волтер Ајзаксон и писателката Ејми Тан.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Springsteen Our Boss (@bruceourboss)







Доделувајќи му го на Спрингстин Националниот медал за уметности, Бајден, алудирајќи на песната на Спрингстин, „Born to Run“, рекол: „Брус, некои луѓе се едноставно родени за да трчаат, човеку“. Спрингстин и мноштво актери, писатели, пејачи и други уметници му се придружија на Бајден во источната соба на Белата куќа за да го добијат Националниот медал за уметности или Националниот медал за хуманистички науки за нивниот придонес во американското општество.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Saul Loeb (@saulloeb)


Комичарката Џулија Луис-Драјфус, чија ТВ серија „Потпретседател“ од нов агол ја портретираше потпретседателската позиција – функција што некогаш ја имаше Бајден, исто така, беше почестена.

„Таа ја прифаќа апсурдноста на животот со апсолутна духовитост и се справува со вистинските пресврти во животот со апсолутна благодат. Таа е мајка, таа е преживеана од рак, таа е пионер во комедијата, таа е американски оригинал“, рече Бајден за Луис-Драјфус, која стана позната по улогата на Елејн во Сајнфелд.

 


Медал доби и актерката Минди Калинг, една од главните ликови на долгогодишното телевизиско шоу „Во канцеларија“, сместено во родниот град на Бајден, Скрентон, Пенсилванија.

Кога Бајден го претстави писателот Колсон Вајтхед пред публиката, нагласи дека тој за своите книги освоил Пулицеровата награда две години по ред, а со тоа навестувајќи ги своите амбиции. „Ќе се обидам и јас два пати по ред“, рекол Бајден, кој претходно најави дека има намера повторно да се кандидира во 2024 година.

Меѓу другите беа наградени и пејачката Гледис Најт, модната дизајнерка Вера Венг, историчарот Волтер Исаксон и авторките Ејми Тан, Ен Пачет и Тара Вестовер.

 

Поврзани содржини