(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) АМЕРИКАНСКИ ВОЈНИК СЕ САМОЗАПАЛИ ВО ВАШИНГТОН Протест пред израелската амбасада против војната во Газа
Портпаролот на американските воздухопловни сили потврди дека во инцидентот во Вашингтон бил вклучен активен воен пилот.
Американски воен пилот се замозапали пред израелската амбасада во Вашингтон во знак на протест против војната во Газа и во моментов е во критична состојба.
Човекот бил пренесен во болница откако пожарот бил изгаснат од припадници на американската тајна служба, соопшти противпожарната служба на Вашингтон.
Портпаролот на американските воздухопловни сили потврди дека во инцидентот бил вклучен активен воздухопловец.
– Повеќе нема да бидам соучесник во геноцид – рекол воениот пилот облечен во униформа, во видео што го емитувал во живо на Интернет, јави „Њујорк Тајмс“.
RIP 🙏
This young soldier did something unbearable bloody sad 😔 in front of the Israel embassy in DC pic.twitter.com/6nTf81AQ0E— Robert Simpson (@RobertS28049870) February 26, 2024