Американски војници убиле Корејци: Со околопно возило смачкале џип (ВИДЕО)
Јужнокорејската полиција соопшти дека американско воено оклопно возило, според зборовите на сведоците, уништило приватно теренско возило до непрепознатливост.
Во градот Почеон, северно од Сеул, американски војници со оклопно возило предизвикале тешка сообраќајна незгода.
Јужнокорејската полиција соопшти дека американско воено оклопно возило, според зборовите на сведоците, уништило приватно теренско возило до непрепознатливост.
Четири лица, државјани на Јужна Кореја, кои се наоѓале во возилото, починале на лице место, додека еден американски војник е полесно повреден.
Причините за оваа страшна сообраќајна незгода се уште не се познати, но истрагата е во тек.