Американски виролог: Не се надевајте на нормален живот до 2021 година
Тој вели дека не треба да се надеваат сите оние кои мислат дека социјалната дистанца и мерките за заштита наскоро ќе бидат укинати.
Експертот за вирологија и биологија, како и ретседател на Здружението на американски научници, Али Ноури, ја предупреди јавноста: „Животот нема да се врати во нормала пред 2021 година“.
Ќе дојде јуни, а потоа и јули, а ние нема да им дозволиме на луѓето да излегуваат во ресторани, кафулиња или театри.
За „Daily Mail“ тој истакна дека јавноста нема да му се врати на вообичаеното секојдневие сè додека не биде готова вакцината, а тоа, според него, ќе потрае повеќе од една година.
Тој вели дека не треба да се надеваат сите оние кои мислат дека социјалната дистанца и мерките за заштита наскоро ќе бидат укинати.
– Мерките за изолација ќе мора да ги почитуваме до крајот на мај, а можеби и до јуни. Никој од нас нема да го дочека моментот кога ќе биде објавен магичниот датум за враќање на нашите животи во нормала. Ќе дојде јуни, а потоа и јули, а ние нема да им дозволиме на луѓето да излегуваат во ресторани, кафулиња или театри – вели Ноури.
Во светот досега се заразени со ковид-19 повеќе од 1.3 милиони луѓе, а починаа околу 80.000 лица. Најмногу заразени има во Америка – скоро 400.000 луѓе и 12.700 починати.