Американски туристи вратени по слетување во Сардинија

Групата американски туристи била запрена во средата, 1 јули, во 21,30 часот на аеродромот Каљари, по слетувањето на приватен авион од Колорадо, јавуваат денеска италијанските медиуми.

414

На петмина американски туристи, кои пристигнале во Сардинија во група од 10 патници со приватен авион, им бил забранет влез од италијанската гранична контрола, бидејќи границите на ЕУ сè уште не се отворени за државјани на САД.

Групата американски туристи била запрена во средата, 1 јули, во 21:30 часот на аеродромот Каљари, по слетувањето на приватен авион од Колорадо, јавуваат денеска италијанските медиуми.






На останатите петмина патници, меѓу кои и државјани на Нов Зеланд, Велика Британија и Италија, им бил дозволен влез во земјата, но со задолжителен 14-дневен карантин, но тие се откажале и го напуштиле островот.

Поврзани содржини