Американски стафорд ја нападнал сопругата на Џибони и го усмртил нивното куче

559

Семејството на хрватскиот кантавтор Златан Стипишиќ Џибони (52) доживеа трагедија во понеделникот кога нивното домашно милениче, куче од расата германски шпиц (померанец), на улица било усмртено од куче од расата американски стафорд, пишува „Јутарњи.хр“.

Сопругата на пејачот Сања шетала со кучето кога биле нападнати од големото куче американски стафорд кое било без поводник. Сања се обидела да му помогне на своето куче, но другото куче и нејзе ја нападнало. Тие веднаш го однеле своето куче во ветеринарната клиника, но, и покрај укажаната лекарска помош, тоа, за жал, починало.






Како што пишува „Слободна Далмација“, против сопственикот на кучето американски стафорд е поднесен обвинителен акт до надлежниот општински суд за прекршоци.

 

Поврзани содржини