Американски сенатор објави видео од руската и американската војска, демократите бесни, тој е под жестока критика (ВИДЕО)
Рекламата, која ја сподели американскиот сенатор, а кој првично беше објавен на социјалната мрежа „Тик Ток“, стана популарна на „Твитер“ и достигна над три милиони прегледи.
Американскиот сенатор Тед Круз од државата Тексас објави видео во кое се споредуваат промотивните видеа на руската и американската армија, со коментар дека „можеби ослабената армија не е најдобра идеја“, а се однесува на видеото на американската армија . Така тој се најде на удар на демократите.
Рекламниот спот за руската армија покажува војници кои тренираат, подготвуваат и изведуваат воени вежби, додека видеото за американската армија е дел од анимираната кампања „Повик“ во која регрутите ги споделуваат своите приказни, меѓу другото, и за тоа дека растат со родители хомосексуалци.
Огласот, кој го сподели американскиот сенатор, а кој првично беше објавен на социјалната мрежа „Тик Ток“, стана популарен на „Твитер“ и достигна над три милиони прегледи.
Russian army ad vs US army ad
2021pic.twitter.com/tGQeY3dJa6— Pardes Seleh (@PardesSeleh) May 19, 2021
Демократите, промоторите на „Русијагејт“ и други критичари го обвинија американскиот сенатор за ширење руска пропаганда.
– Американскиот сенатор шири руска пропаганда со повикување на американските вооружени сили – објави на „Твитер“, Проект Линколн.
Holy crap.
A United States senator is spreading Russian propaganda bashing the US armed forces. https://t.co/bz1nbnT2TS
— The Lincoln Project (@ProjectLincoln) May 20, 2021
Поранешниот соработник на поранешниот американски претседател Барак Обама, Томи Виетор, напиша по повод објавата на Круз:
– Поставување на руско пропагандно видео и нарекување на руската армија слаба – така тој смета дека ќе ја добие републиканската база во 2021 година.
Ted Cruz retweeted a Russian propaganda video and called the US military weak. That’s how he thinks you appeal to the republican base in 2021. Truly bizarre. pic.twitter.com/WSyps1J1c1
— Tommy Vietor (@TVietor08) May 20, 2021
Демократскиот активист професор Кевин Круз го праша американскиот сенатор – „има ли некое друго руско пропагандно видео?“
Holy crap.
Perhaps a woke, emasculated military is not the best idea…. https://t.co/8aVFMW98NM
— Ted Cruz (@tedcruz) May 20, 2021
Ниту еден од критичарите што го „удрија“ сенаторот не се осврна на поентата на објавеното видео, односно контрастот меѓу рускиот и американскиот пристап во рекламирањето.