АМЕРИКАНСКИ ОБВИНИТЕЛИ ЌЕ ЈА ЧЕШЛААТ ФОНДАЦИЈАТА СОРОС Се бара доказ за финансирање тероризам

Коментирајќи ја новата насока која ја добиле обвинители во најмалку 7 држави во САД, потпретседателот Џеј Ди Венс рекол дека „левичарскиот екстремизам“ помогнал да се дојде до убиството на Чарли Кирк.

230

Повеќе врвни федерални обвинители во канцелариите на американските обвинители низ целата земја добиле директива во понеделникот да се подготват да започнат истраги против Фондациите Отворено општество, група финансирана од милијардерот и демократскиот донатор Џорџ Сорос, потврдиле повеќе извори за Еј-Би-Си Њуз.

Прв за ова извести „Њујорк Тајмс“, по што на ова се надоврзаа низа американски медиуми. Наредбата од Акаш Сајнг, висок функционер во канцеларијата на заменик-генералниот обвинител Тод Бланш, била испратена до канцелариите на американските обвинители во најмалку седум држави, потврдиле изворите на Еј-Би-Си Њуз, вклучувајќи ги Калифорнија, Њујорк, Илиноис, Мичиген и Мериленд.






Во писмото се наведени потенцијални обвиненија што обвинителите би можеле да ги земат предвид додека се подготвуваат да ги истражат Фондациите Отворено општество, почнувајќи од материјална поддршка на тероризам, палење, измама преку електронски средства и рекетирање.

Потпретседателот Венс рекол дека „левичарскиот екстремизам“ помогнал да се дојде до убиството на Чарли Кирк.

– Ова Министерство за правда, заедно со нашите вредни и посветени американски обвинители, секогаш ќе дава приоритет на јавната безбедност и ќе истражува организации кои заговараат да извршат акти на насилство или други федерални прекршувања на законот – изјавил портпарол на Министерството за правда за Еј-Би-Си Њузs кога бил прашан за директивата.

Портпаролот на Фондациите Отворено општество, во изјава за Еј-Би-Си Њуз, рекол:

– Фондациите Отворено општество недвосмислено го осудуваат тероризмот и не го финансираат.

Поврзани содржини