Американски конгресмен се заразил со ковид-19 и покрај две дози вакцина на Фајзер

798

Американски конгресмен од државата Масачусетс, кому веќе му биле аплицирани двете дози на вакцината на Фајзер/БиоНТех е позитивен на коронавирусот, јавија маерикански медиуми.

Кабинетот на конгресменот Стивен Линч соопшти дека тој имал негативен тест пред да присуствува на церемонијата на инаугурацијата на американскиот претседател Џо Бајден.






За Линч се вели дека бил позитивен на тест откако бил во контакт со соработник во Бостон кој бил заразен.

Во соопштението се додава дека Линч не покажува никакви симптоми . Тој ќе се изолира, нема да присуствува лично во Конгресот следната недела и ќе гласа преку полномошник.

Поврзани содржини