АМЕРИКАНСКИ ИНСТРУКТОРИ ЈА ОБУЧУВААТ ТАЈВАНСКАТА ВОЈСКА Одговор на кинеското присуство во регионот
Напнатоста меѓу Тајван и Кина, која не ја отфрла можноста за насилно преземање на островот, ескалираше во последните неколку недели бидејќи Пекинг го засили воениот и политичкиот притисок.
Мал број американски инструктори во Тајван обучуваат тајвански војници, откри претседателката Цаи Инг-вен во интервју за Си-eн-eн, потврдувајќи го присуството на американските сили на островот со сопствена самоуправа што Кина ја смета за своја.
Напнатоста меѓу Тајван и Кина, која не ја отфрла можноста за насилно преземање на островот, ескалираше во последните неколку недели бидејќи Пекинг го засили воениот и политичкиот притисок.
– Имаме широк опсег на соработка со Соединетите Американски Држави за зајакнување на нашите одбранбени способности – рече Цаи во интервјуто објавено денеска.
На прашањето колку американски војници се распоредени во Тајван, таа одговори дека „нема толку многу колку што мислат луѓето“.
Потврдата е изречена додека Кина значително го зголеми воениот притисок врз Тајван, вклучително и мисиите на кинеските борбени авиони во зоната за идентификација на воздушната одбрана на Тајван.
Иако неколку тајвански и меѓународни медиуми претходно објавија за таква обука со американските сили, официјалната потврда може дополнително да ги влоши односите меѓу САД и Кина во време кога Пекинг спроведува воени вежби заедно со Тајван.
Запрашан за коментарот на тајванската претседателка, тајванскиот министер за одбрана Чиу Куо-ченг изјави дека тајванско-американските воени интеракции „биле чести“и траат долго време.
– За време на овие размени, може да се разговара за која било тема – рече тој.