Американски епидемиолог ќе се вакцинира со вакцината на „Фајзер“, има доверба во компанијата

Епидемилогот потенцираше дека има доверба во таа компанија како и во Агенцијата.

510

Американскиот епидемиолог Ентони Фаучи денеска изјави дека ќе ја прими вакцината против коронавирус на компанијата „Фајзер“, доколку биде одобрена од Агенцијата за храна и лекови (ФДА).

Тој потенцираше дека има доверба во таа компанија како и во Агенцијата.






– И верувам на компанијата Фајзер. Имам доверба во ФДА. Тие се мои колеги со децении, научници од кариера. Ако вакцината биде одобрена, ветувам дека јас и моето семејство ќе ја примиме – изјави Фаучи за телевизијата МСНБЦ.

Фармацевтските компании Фајзер од САД и германската Бионтек соопштија дека нивната експериментална вакцина има ефикасност од над 90 проценти во спречувањето на ковид-19, врз основа на првичните податоци од големата студија, што претставува голема победа во борбата против пандемијата.

Поврзани содржини