ГО ПРОНАШЛЕ ТЕЛОТО ВО ХОТЕЛ ВО КИЕВ Се истражува смртта на американски дипломат во Украина

Името на аташето не се споменува, а киевскиот портал наведува дека дипломатот пристигнал во Украина на 15 јуни.

374

Во хотелот „Хилтон“ во Киев вчера околу 11 часот е пронајдено телото на аташето во американската Амбасада, јави украинскиот портал Страна.уа, повикувајќи се на извори од правосудните органи.

– Вчера околу 11 часот во хотелска соба е пронајдено телото на аташето на Амбасадата на САД. На телото не се пронајдени траги на насилство – изјавил неименуваниот извор.






Името на аташето не се споменува, а киевскиот портал наведува дека дипломатот пристигнал во Украина на 15 јуни.

Според медицинските досиеја објавени од Амбасадата на САД, мажот имал високо ниво на холестерол во крвта.

Поврзани содржини