АМЕРИКАНСКИ АВИОН СЕ УРНАЛ НАД ЖОЛТОТО МОРЕ Јужнокорејската морнарица го спасила пилотот

Причината за несреќата се истражува, а засега се знае само дека за време на летот дошло до вонредна ситуација.

92

Американски борбен авион се урна за време на тренинг лет над Жолтото Море, соопштија американските сили во Кореја (УСФК).

Пилотот на борбениот авион Ф-16 се катапултирал и бил извлечен од јужнокорејската морнарица од морето меѓу Корејскиот полуостров и Кина. Пилотот е во стабилна состојба – информираа од УСФК.






Авионот полетал денеска од американската воздухопловна база во Гунсан, на западот на Јужна Кореја. Причината за несреќата се истражува, а засега се знае само дека за време на летот дошло до вонредна ситуација.

Според официјалните податоци во Јужна Кореја се стационирани 28.500 американски војници.

Поврзани содржини