Американската управа за лекови: Вакцината против ковид-19 нема да биде готова годинава
Во говорот во Белата куќа на Денот на независноста, Трамп навести дека вакцината може да биде готова до крајот на годината.
Директорот на Американската федерална управа за лекови (ФДА), Стивен Хан, се сомнева во најавите на претседателот на САД, Доналд Трамп, дека вакцината против ковид-19 ќе биде подготвена оваа година.
– Не можам да предвидам кога вакцината ќе биде достапна – изјави Хан, пренесе Би-Би-Си.
Хан, кој е член на кризната група во Белата куќа за борба со коронавирусот додаде дека „развојот на вакцината ќе се заснова на податоци и наука“.
Во говорот во Белата куќа на Денот на независноста, Трамп навести дека вакцината може да биде готова до крајот на годината.
Други експерти претходно најавуваа дека вакцината против Ковид-19 може да биде најрано достапна во средината на 2021 година.