АМЕРИКАНСКАТА ОДБРАНА НА ШТРЕК Руски воен авион летал во близина на Алјаска (ВИДЕО)
Претходно беше објавено дека системот за противвоздушна одбрана на САД и Канада во последните денови регистрирал два руски извидувачки авиони во близина на Алјаска.
Северноамериканската команда за воздушна одбрана (НОРАД) ја информираше јавноста за третиот инцидент со руски воен авион во близина на Алјаска, пишува Си-Ен-Ен.
– Командата откри информации за инцидентот со рускиот воен авион кој леташе во зоната за идентификација на воздухопловните сили на Алјаска меѓу 8 и 10 август – пренесуваат американските медиуми. Точното време на инцидентот не е соопштено.
Претходно беше објавено дека системот за противвоздушна одбрана на САД и Канада во последните денови регистрирал два руски извидувачки авиони во близина на Алјаска. НОРАД тогаш истакна дека рускиот авион не ги преминал воздушните граници на САД и Канада. НОРАД е заедничка команда на системите за воздушна одбрана на САД и Канада.
Во јуни, канадските власти објавија дека ќе одвојат 4,9 милијарди канадски долари за развој на НОРАД во следните шест години и 40 милијарди во следните две децении. Парите ќе бидат искористени за опремување на радари кои ќе покриваат области од американската граница до Арктичкиот круг.