АМЕРИКАНСКАТА МОРНАРИЦА ЗАПЛЕНИ УШТЕ ЕДЕН ТАНКЕР ВО КАРИПСКОТО МОРЕ „Олина“ пловела под лажно знаме на Источен Тимор
Американската морнарица пред 2 дена зазеде танкер што пловеше под руско знаме, а е поврзан со Венецуела.
Американската морнарица денеска заплени танкер во Карипско Море во близина на Тринидад. Ова е петта ваква американска акција во изминатите неколку недели.
Танкерот „Олина“ претходно исплови од Венецуела, а потоа се врати во регионот, каде беше пресретнат од американската морнарица.
Танкерот пловел под лажно знаме на Источен Тимор.
Американската морнарица пред 2 дена зазеде танкер што пловеше под руско знаме, а е поврзан со Венецуела.
По соборувањето на претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, САД не дозволуваат бродови и танкери, против кои се воведени санкции, да влезат или да ги напуштат територијалните води на јужноамериканските земји-членки на Организацијата на земји извознички на нафта (ОПЕК).
— Secretary Kristi Noem (@Sec_Noem) January 9, 2026