АМЕРИКАНСКАТА КОКА-КОЛА ЌЕ СОДРЖИ ВИСТИНСКИ ШЕЌЕР? Трамп тврди дека компанијата прифатила да не користи сируп од пченка со висока фруктоза
Кока-Кола во изјава му се заблагодари на Трамп за неговиот „ентузијазам за иконскиот бренд Кока-Кола“ и рече дека наскоро ќе сподели „повеќе детали за нови иновативни понуди во асортиманот на производи на Кока-Кола“, без да потврди каква било промена во состојките.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека гигантот за пијалаци Кока-Кола се согласил да го замени сирупот од пченка со висока фруктоза со вистински шеќер од шеќерна трска во својот главен американски безалкохолен пијалак Кока-Кола.
– Разговарав со Кока-Кола за користење вистински шеќер од шеќерна трска во Кока-Кола во САД, и тие се согласија да го направат тоа. Би сакал да им се заблагодарам на сите надлежни во Кока-Кола. Ова ќе биде многу добар потег од нивна страна – ќе видите. Едноставно е подобро!, напиша Трамп на својата платформа Трут Соушл.
Информацијата ја сподели и на мрежата Икс
“I have been speaking to @CocaCola about using REAL Cane Sugar in Coke in the United States, and they have agreed to do so. I’d like to thank all of those in authority at Coca-Cola. This will be a very good move by them — You’ll see. It’s just better!” –President Donald J. Trump pic.twitter.com/9L27oxlYUj
— The White House (@WhiteHouse) July 16, 2025
Кока-Кола во изјава му се заблагодари на Трамп за неговиот „ентузијазам за иконскиот бренд Кока-Кола“ и рече дека наскоро ќе сподели „повеќе детали за нови иновативни понуди во асортиманот на производи на Кока-Кола“, без да потврди каква било промена во состојките.
Во неколку земји, вклучувајќи ги Мексико и Австралија, Кока-Кола се произведува со шеќер од трска, за разлика од американската верзија, која користи поевтин и потраен сируп од пченка со висока фруктоза.
Самиот Трамп е познат како љубител на Диетална Кола (Diet Coke), верзија на пијалакот без шеќер со вештачки засладувачи.
Акциите на компанијата Archer-Daniels-Midland, главен производител на пченкарен сируп, паднаа за околу шест проценти во тргувањето по работно време во САД по објавата на Трамп.
Високо-фруктозен сируп од пченка (high-fructose corn syrup – HFCS) се смета како една од причините за дебелината кај луѓето и појавата на дијабет.
Консумирањето на овој сируп, според некои истражувања е зголемено за 10 пати почнувајќи од 1974 година, што точно соодветствува со бројките од пандемијата на дебелина.Овој сируп претставува 40% од сите високо-калориски прехранбени засладувачи. HFCS е практично единствениот засладувач кој се додава во безалкохолните пијалаци.
Во студијата, „Високо-фруктозен сируп од пченка и преваленција на дијабетес: глобална перспектива,” спроведена од страна на група научници под водство на Michael Goran, објавена во Global Public Health, се гледа дека земјите кои користат HFCS во исхраната имаат за 20% повисока преваленција на дијабетес во споредба со оние кои не го користат овој адитив.
Од 42 испитани држави САД имаат најголема потрошувачка на HFCS по глава на жител (24 килограми годишно!). Втора во светот е Унгарија, со 21 килограм. Канада, Словачка, Бугарија, Белгија, Аргентина, Кореа, Јапонија и Мексико се исто така големи потрошувачи на HFCS.
Германија, Полска, Грција, Португалија, Египет, Финска и Србија се меѓу најниските потрошувачи на HFCS.
Државите со потрошувачка помала од половина килограм годишно по глава на жител се Австралија, Кина, Данска, Франција, Индија, Ирска, Италија, Шведска, Обединетото Кралство и Уругвај.