АМЕРИКАНСКАТА ХИСТЕРИЈА ПУШТЕНА НА НАЈЈАКО Советникот на Путин вели дека ситуацијата е доведена до апсурд

Хистерија го достигна својот врв - изјави дипломатскиот советник на Путин, Јуриј Ушаков, но додаде дека „претседателите се согласиле да продолжат со контактите на сите нивоа“.

1,493

По синоќешните разговори меѓу рускиот претседател Владимир Путин и неговиот американски колега Џо Бајден, официјален Кремљ ја осуди американската „хистерија“ околу Украина, прецизирајќи дека двајцата претседатели одлучиле „контактите да продолжат“.

– Хистерија го достигна својот врв – изјави дипломатскиот советник на Путин, Јуриј Ушаков, но додаде дека „претседателите се согласиле да продолжат со контактите на сите нивоа“.






Ушаков кажа дека во последните денови и последните часови „ситуацијата е доведена до апсурд“ и додаде дека телефонскиот разговор Путин-Бајден бил доста избалансиран и професионален по природа.

Белата куќа ја претставува руската инвазија на Украина како прашање на ден, тврдејќи дека Русија распоредила повеќе од 100.000 војници на границите на Украина и дека спроведува маневри во Црното Море и Белорусија, де факто околу својот прозападен сосед.

Западот бара Русија да испрати сигнал за смирување на тензиите, која, пак, бара НАТО да не се шири во ова подрачје.

Поврзани содржини